Трансформаторските апарати за (REL) заварување се употребуваат за заварување со обложени електроди. Апаратите овозможуваат заварување со најизменична струја. Изработени се со високо квалитетни материјали (бакарни намотки, трафо лимови), кои овозможуваат голема издржливост и висок процент на интермитенца.
Апаратите се наменети за употреба во индустријата и занаетчиството, во браварско-лимарски работилници и други места каде што има потреба од заварување со обложени електроди. Лесно се воспоставува електричниот лак, а работните точки се стабилни и овозможуваат високо квалитетни варови.
Модел | Примарен напон AC V | Струја на заварување А | Интермитенца % | Дијаметар на електрода Ø | Степени на регулација | Димензии маса |
---|---|---|---|---|---|---|
ТR 160 | 220 | 50-160 | 60-35 | 3,2 | 5 | 35x21x25cm 23kg |
ТR 195 | 220 | 70-195 | 60-35 | 4 | 6 | 35x23x27cm 26kg |