Овие апарати се користат за заварување на челик, нелегирани и ниско легирани обоени метали, месинг, алуминиум и други метали што не р’ѓосуваат. Заварувањето на наведените метали се врши со сите видови на базични обложени електроди. Овие апарати имаат функција HOT START, која овозможува по лесно почетно запалување на лакот.
Овие апарати се идеална комбинација за аргонско и (REL) заварување. Покрај горенаведениот текст кај овие модели, со додавање на TIG горилник и боца со гас (аргон), апаратот може да се користи и за аргонско заварување со контактно запалување на електричниот лак.
Предноста на овие апарати е невозможноста на залепување на волфрамовата електрода со заваруваниот материјал, кое што води до дефекти во заварениот раб.
Модел | Прим. напон V | Струја на завараување А | PV % | Дијаметар на електрода Ø | Работен напон V | Димензии Маса |
---|---|---|---|---|---|---|
STANDARD 130 T | 220 | 10-130 | 45 | 3,2 | 70 | 26x10x14cm 3,3kg |
STANDARD 160 T | 220 | 10-170 | 55 | 3,2 | 80 | 31x13x17cm 4,6kg |
STANDARD 200 T | 220 | 20-200 | 55 | 4 | 80 | 31x13x17cm 4,6kg |
PROFESSIONAL 200 T | 220 | 40-200 | 75 | 5 | 80 | 41x14x21cm 5kg |